Blog

јуни 2, 2017

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Почитувани,

Ве известуваме дека со оглед на тоа што на 01.06.2017 година Собранието на Република Македонија донесе Закон за изменување на Законот за основното образование, Закон за изменување на Законот за средното образование и Закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта (Службен весник на Република Македонија бр. 67 од 1 јуни 2017 година), екстерното проверување на постигањата на учениците се укинува. Согласно овие измени сите активности во врска со процесот на екстерно тестирање се запрени.

Државниот испитен центар на сите инволвирани во процесот им благодари за досегашната соработка.

Со почит,
Државен испитен центар

Новости
About admin