Blog

април 24, 2018

ПИСА 2018 главно тестирање

Од 23 до 27 април 2018 година во сите средни училишта во Република Македонија ќе се реализира тестирањето на ПИСА 2018, меѓународната студија, на примерок од околу 5500 ученици на македонски и албански јазик.
PISA е меѓународна студија која ги мери способностите и знаењата на учениците колку се подготвени за влез во животот и продолжување на образованието, вклучувајќи го и процесот на пазарот на трудот на возраст од 15 години во три подрачја:

–        оспособеност за читање со разбирање,

–        математичка писменост и

–        писменост во природните науки.

Секој ученик решава тест и пополнува прашалник. Иструментите се исти за сите земји учеснички во студијата.
Процедурите на спроведување на студијата се дефинирани од страна на ОЕЦД и се исти за сите земји кои учествуваат во тестирањето. Реализатор на студијата во Република Македонија е Државен испитен центар.

Новости
About admin