ПИРЛС

ПИРЛС (PIRLS – Progress in International Reading Literacy Study) е меѓународната студија за проверка на оспособеноста на учениците од 9-10 – годишна возраст за читање со разбирање. Таа е фокусирана на три аспекти поврзани со читањето:

  • процесот на разбирање;
  • целите заради кои учениците читаат;
  • навиките и ставовите за читањето.

Преку прашалниците за ученици, родители, наставници и директори се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците.
Меѓународната организација за вреднување на образовните постигања (ИЕА) ја раководи организацијата и реализацијата на оваа студија. Стручната работа и менаџментот на студијата го води Меѓународниот студиски центар (ISC) во Бостон Колеџ. ИСЦ работи заедно со ИЕА Секретаријатот во Холандија, ИЕА Центарот за истражување и обработка на податоци во Германија, Центарот за статистика во Канада, Националната фондација за истражување во образованието во Англија и Велс (NFER) и Сервисот за тестирање во образованието (ETS) од САД.
Република Македонија во рамките на овоа студија досега има учествувано во два циклуси на мерење и тоа:

  • ПИРЛС 2001;
  • ПИРЛС 2006.