Blog

февруари 25, 2019

Информација за 15-та испитна сесија во 2019 година (март)

Ве информираме дека 15-та испитна сесија (март 2019 година) за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија”бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 06.03.2019 (од 16:30 ч.)
  • Втор дел на испитот – 11.03.2019  (од 16:30 ч.)
  • Трет дел на испитот – 15 и 16.03.2019  (од 16:30 ч.)

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот 28.02.2019 – 04.03.2019 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на  Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *