dic

ноември 16, 2018

Информација за 13-та испитна сесија (декември 2018 година)

Ве информираме дека тринаесеттата испитна сесија (декември 2018 година) за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 05.12.2018 (од 17 ч.)
  • Втор дел на испитот – 10.12.2018  (од 17 ч.)
  • Трет дел на испитот – 13, 14 и 17.12.2018  (од 16:30 ч.)

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот 26 – 30.11.2018 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Правен факултет „Јустинијан Први“,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на бул. „Гоце Делчев“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin