Blog

август 23, 2018

Информација за 11-та испитна сесија (септември 2018 година)

Ве информираме дека единаесеттата испитна сесија (септември 2018 година) за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 11.09.2018  (од 16 ч.)
  • Втор дел на испитот – 18.09.2018  (од 16 ч.)
  • Трет дел на испитот – 24 и 25.09.2018  (од 16 ч.)

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот од 30.08.2018 година до 05.09.2018 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Правен факултет „Јустинијан Први“,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на бул. „Гоце Делчев“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin