Blog

јануари 28, 2019

Информација за прва испитна сесија во 2019 година (февруари)

Ве информираме дека првата испитна сесија (февруари 2019 година) за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 , 30/2016, 20/18 и 140/18), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 06.02.2019 (од 17 ч.)
  • Втор дел на испитот – 13.02.2019  (од 17:30 ч.)
  • Трет дел на испитот – 15 и 16.02.2019  (од 16:30 ч.)

Кандидатите за испит комплетните документи треба да ги достават во Државниот испитен центар во периодот 30.01.2019 – 04.02.2019 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на  Државниот Испитен Центар на ул. „Васил Ѓорѓов“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *