Blog

април 5, 2018

Информација за испитна сесија

Ве информираме  дека третата испитна сесија во 2018 година за кандидатите за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење кои се стекнати со право на полагање на испит согласно Законот  за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на Република Македонија” бр.10/15, 145/15, 192/15 и 30/2016), ќе се одржи во следните термини:

  • Прв дел на испитот – 16.04.2018  (од 13 ч.)
  • Втор дел на испитот – 24.04.2018  (од 13 ч.)
  • Трет дел на испитот – 30.04.2018  (од 8:30 ч.)

Ги молиме кандидатите за испит да ги достават комплетните документи во Државниот испитен центар најдоцна до 14:30 часот на 12.04.2018 година.
Испитите ќе се одржат во компјутерскиот центар на Правен факултет „Јустинијан Први“,  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“  на Бул. „Гоце Делчев“ бб, 1000 Скопје.

Новости
About admin