Blog

април 10, 2018

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат кандидатите за директори кои имаат намера да го обноват Уверението за директор со кое се стекнале согласно прописите кои важеле до денот на отпочнувањето на примената на Законот за обука и испит на директор за основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење,(до 01.10. 2016 год.), дека треба најдоцна до 1 септември 2018 година да го положат испитот за директор и да се стекнат со Уверение за директор согласно одредбите од споменатиот Закон (кликни тука).

Испитот за директор се состои од три дела:
– практична проверка на компјутерски вештини;
– проверка на способноста за примена на теоретските знаења;
– презентација и одбрана на завршниот семинарски труд.

Првиот дел од испитот се полага со користење на компјутер за решавање на определен број задачи во врска со практична примена на софтверски програми и апликации што се користат во образованието и во канцелариското работење.

Вториот дел од испитот се полага со користење на компјутер и се состои од проверка на теоретските знаења и вештини стекнати во текот на обуката.

Третиот дел од испитот се состои од презентација и одбрана на завршниот семинарски труд на кандидатот.

Упатство за полагање на испит за директор за кандидати кои имаат намера да го обноват Уверението за директор.

  1. Кандидатот поднесува – Барање за полагање на испит за директор за обновување на Уверение. (кликни тука)
  2. По прифаќањето на барањето на кандидатот, му се одредува (генерира)наслов за тема за завршен семинарски труд. За истото кандидатот се известува по меил. Воедно на кандидатот му се доставуваат материјали за подготовка на испитот.
  3. Кандидатот може да се пријави да полага во сесии (термини) објавени на страната на ДИЦ. За таа цел пополнува Пријава бр. 2 (кликни тука) и ја доставува до ДИЦ приложувајќи ја потребната документација наведена во образецот на Пријава бр.2.

 

Испитните сесии течат континуирано во текот на целата година и навремено се објавуваат на страната на ДИЦ.

 

 

 

 

Новости
About admin