Државно тестирање

КОНЦЕПЦИЈА ЗА ДРЖАВНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Врз основа на Законот за основното образование, член 133, став 5 (Службен весник на РСМ, бр. 161 од 05.08.2019 година) со Решението бр. 18-5737/1 од 12.06.2020 година, министерот за образование и наука, д-р Арбер Адеми ја донесе „Концепцијата за државното тестирање“, предложена од Државниот испитен центар.

„Концепцијата за државното тестирање“ е стратешки документ во кој се дефинирани карактеристиките на државното тестирање како дел од образовната политика во Република Северна Македонија, чии клучни цели се подобрувањето на квалитетот и зголемувањето на ефикасноста на образованието.

Во Концепцијата детално се опишани:

– целите на државното тестирање;

– причините за воведување на државното тестирање;

– општите карактеристики на тестирањата од големи размери;

– клучните параметри на дизајнот;

– начинот на организирање и спроведување на тестирањето;

– начинот на известување за резултатите;

– улогата на сите инволвирани субјекти;

– временската рамка за имплементација.

Основна цел на државното тестирање е, со користење стандардизирани процедури и инструменти, да даде објективни и веродостојни податоци за остварувањето на стандардите на постигањата на учениците за наставни подрачја и наставни предмети од особена важност во текот на основното образование.

Ваквите податоци ќе обезбедат докази за развој и унапредување на образовните политики во РСМ во насока на достигнување на современите светски образовни стандарди.

КОНЦЕПЦИЈА ЗА ДРЖАВНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ-2020