Државен матурски одбор

СОСТАВ

Државниот матурски одбор, согласно член 38, став 4 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14,  10/15, 98/15, 145/15 и 30/16) се состои од 15 члена. Истиот го  формира министерот за образование и наука од редот на стручни и компетентни лица.

Мандатот на Државниот матурски одбор е четири години.

Со Решението бр. 09-2609/1 од 10.12.2014 година, бр.19-19408/2 од 11.12.2014 година и 20-5489/1 од 22.03.2016 година, именувани се претседател и членови на Државниот матурски од­бор во следниот состав:

Претседател на Државниот матурски одбор

  • Весна Хорватовиќ-Биро за развој на образованието

Членови на Државниот матурски одбор

  • Александра Трајковска-Министерство за образование и наука
  • Решат Ќаили-Државен универзитет во Тетово
  • Илбер Села-Универзитет на Југо-источна Европа, Тетово
  • Агим Нухиу-Државен универзитет во Тетово
  • Христијан Мицкоски-Машинскиот факулте, Скопје
  • Никола Смилков-Универзитет „Гоце Делчев, Штип
  • Веселинка Лабровска-Институт за македонски јазик „Крсте Мирисков, Скопје
  • Зекир Кадриу-Универзитет на Југо-источна Европ, Тетово
  • Абдулхамит Јашари-Универзитет на Југо-источна Европа-Тетово
  • Назухрете Сулемани-Министерство за образование и наука
  • Ѓорѓи Панделиев-Министерство за образование и наука
  • Катица Спасовска Бинчева- Државен испитен центар
  • Бети Ламева- Државен испитен центар

Извршен секретар на Државниот матурски одбор

  • Пенка Мантова Здравковска-Министерство за образование и наука

 

НАДЛЕЖНОСТИ

Државниот матурски, согласно член 31 од Правилник за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците на испитите во државна матура во гимназиското, стручното и средното уметничко образование („Службен весник  на Република Македонија“ бр. 66/10 и 63/12), ги врши работите во врска со усогласување на подготовките за спроведувањето на државната матура, а особено:

  • разгледува документи за организирање и спроведување на државната матура;
  • разгледува годишни извештаи за спроведените матурски испити во гимназиското, стручното и уметничкото образование;
  • предлага прагови на положеност за испитите кои се полагаат екстерно до Министерството за образование и наука;
  • врши други работи кои се во функција на унапредување на државната матура во гимназиското, стручното и уметничкото образование.