Историјат

Историјат

 

Во 1999 година во рамките на Бирото за развој на образованието од страна на Владата на Република Македонија со поддршка на Светска банка и Холандската влада е формирана нова истражувачка и развојна единица, Одделение за оценување, чија цел е:

  • да работи на проблематиката на ефективноста и квалитетот на оценувањето во образованието;
  • да му помага на Министерството за образование и наука во изготвување и подигнување на стандардите на постигањата на учениците во училиштата преку развивање систем за обезбедување и проверка на квалитетот на основното и средното образование.

Подоцна, во 2005 година ова одделение прерасна во Сектор за испити. Од 2007 година овој сектор се вика Сектор за вреднување на постигањата на учениците. Вработените од овој сектор работат на следните видови оценувања:

  • матура и завршен испит во средното образование во Република Македонија;
  • национално оценување во основното образование;
  • училишно оценување;
  • учество во меѓународни тестирања.

Во 2008 година е донесен Законот за Државен испитен центар, а една година подоцна истиот е формиран и оттогаш функционира како независна институција. Со Државниот испитен центар раководи директор, а управува Управен одбор.